Утрински Весник
Свет

Трамп и Пенс разговараа за прв пат откако потпретседателот на САД одби да ги оспори резултатите од изборите

Трамп и Пенс разговараа за прв пат откако потпретседателот на САД одби да ги оспори резултатите од изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс во понеделникот вечерта имаа „добар разговор“ во Белата куќа, изјави висок претставник на администрацијата, означувајќи го крајот на периодот на тишина во нивните односи по немирите во Капитол минатата недела.

Тоа е нивниот прв разговор откако републиканскиот претседател остро го критикуваше Пенс минатата среда, бидејќи тој не се обиде да го спречи Конгресот да ја потврди победата на избраниот демократски претседател Џо Бајден, пренесува „Ројтерс“.

Извор запознаен со ситуацијата рече дека Трамп не го контактирал Пенс во средата за да провери дали е безбеден, кога бил евакуиран откако толпа приврзаници на Трамп упаднале во зградата на Конгресот среде процедура за потврда на резултатите.

Официјалниот претставник рече дека Трамп и Пенс разговарале за немирите и повторија дека оние што го прекршија законот минатата недела и упаднаа во Капитол, не претставуваат 75 милиони Американци.

Тие исто така ветија дека ќе продолжат да работат во име на земјата до крајот на нивниот мандат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина за прв пат го нападна рускиот град Екатеринбург

Маѓар ќе ја проверува финансиската поддршка што Орбан ја давал за Унгарците во Србија

Двајца агенти на ЦИА убиени во Мексико, едниот влегол како турист, другиот како дипломат