Утрински Весник
Македонија

14 кандидати за членови на ДИК, Насер Зибери предложен за народен правобранител

ДИК најави резултати во 23 часот

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на 14 пријавени кандидати за избор на претседател и членови на ДИК.

На предлог на ДУИ, кандидатот за прв премиер Албанец на парламентарните избори, Насер Зибери, со седум гласа „за“ е утврден за предлог-кандидат за народен правобранител.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, во рок од три дена листата на кандидати ќе ја испрати до партиите, кои треба да се изјаснат по предлозите. Понатаму, листата со поддржани кандидати се доставува назад до Комисијата за прашања на избори и именувања, а потоа до пленумот кој треба да гласа.

Засега, само ВМРО-ДПМНЕ ја потврди поддршката за Александар Даштевски за претседател на ДИК.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Неисправен лифт во зграда тешко повреди тригодишно девојче во Радишани

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите ќе се зголемуваат согласно закон