Утрински Весник
Магазин

Двејн Џонсон сподели видео со најмалата ќерка: „Вакви моменти го забавуваат времето“

Двејн Џонсон сподели видео со најмалата ќерка: „Вакви моменти го забавуваат времето“

Тој глумеше во бројни блокбастери во последните неколку години, вклучувајќи ги „Брзи и бесни: Хобс и Шо“, „Облакодер“ и „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“.

А во неделата, Двејн Џонсон покажа многу поинтимна страна од себе кога сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како игра со неговата најмала ќерка, двегодишната Тијана.

Дуото татко-ќерка се забавува со неколку плишани играчки што лежат низ куќата. Тијана наоѓа портокалова маска за лице и ја стави на лицето на тато.

Поранешниот професионален борач носи сиви тренирки и маица што ги истакнува неговите импресивно извајани раце.

На почетокот на видеото, Тијана му подава плишано маче, на што тој ја прашува: Може ли да да го земам моето омилено маченце? Таа му ја дава играчката, и кога тато ја прашува како се вика мачето, таа одговора: Паплс.

Малата Тијана се обидува да му ги избрише тетоважите на неговите бицепси.

Ѕвездата од „Брзи и бесни“ под видето напиша и порака: Едноставно уживам во ова без оглед колку сме сите зафатени – вакви моменти го забавуваат времето до ползење …

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Signal и WhatsApp под удар на хакери поврзани со Русија

„МЕЛАНИЈА“: По слабата заработка во кината, документарецот се сели на „Амазон Прајм“

Само две држави би можеле да преживеат светска нуклеарна војна