Утрински Весник
Спорт

Златан останува Златан, но на фитнес-тренерот не му беше сеедно

Златан останува Златан, но на фитнес-тренерот не му беше сеедно

Златан Ибрахимовиќ вчера влезе во последните пет минути од 2:0 победата на Милан над Торино, во прв меч по речиси два месеци, но најголемо внимание предизвика неговото загревање, кое не му падна најдобро на фитнес-тренерот на „росонерите“.

39-годишниот Ибрахимовиќ имаше толку доверба во својата физичка подготвеност откако реши да ја мафта својата нога над главата на тренерот. Иако е познат како голем љубител на ММА спортовите и како човек со неверојатна физичка подготвеност, очигледно беше дека тренерот барем делумно е исплашен.

> Златан останува Златан, но на фитнес-тренерот не му беше сеедно <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија и Португалија одиграа нерешено

Ѓоковиќ: Не размислувам за крај на кариерата

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место