Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Се урна авион во Индонезија со 56 патници, меѓу нив и десет деца

(Видео) Се урна авион во Индонезија со 56 патници, меѓу нив и десет деца
Img 7972

Патниците на Боинг 737 се водат како исчезнати, откако според првите информации, авионот се урнал само неколку минути по полетувањето во Индонезија. Според првите неофицијални информации, авионот паднал во морето.

Авионот на индонезиската авиокомпанија Сривиџаја Ер изгуби контакт со контролата на летот по полетувањето од аеродромот во Џакарта денеска, насочувајќи се кон Понтианак, во провинцијата Западен Калимантан.

Според неофицијални податоци, во него имало 56 патници, од кои седум деца и три бебиња, како и шест члена на екипажот.

Според првите информации, авионот паднал од висина поголема од 3.000 метри само четири минути по полетувањето.

„Ги следиме извештаите за исчезнатиот авион во Индонезија. Се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации“, објави Флајтрадар 24. Авиокомпанијата соопшти дека ќе даде официјална изјава кога ќе имаат повеќе информации.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас