Утрински Весник
Македонија

Поради магла намалена видливост во Крушево и на Ѓавато и Пресека

Поради магла намалена видливост во Крушево и на Ѓавато и Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб дожд врне на планинските превои Буково и Плетвар. Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла има во Крушево и на планинските превои Ѓавато и Пресека. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата