Утрински Весник
Свет

Првиот случај на новиот вид на коронавирус е откриен во Романија

Нови 438 случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 6 лица

Првиот случај на британската варијанта на коронавирус, кој полесно се пренесува, е откриен во Романија, а сè уште не е утврдено како пристигнал во земјата,дознава агенцијата АФП од болнички избори.

„27-годишна жена во југоисточна Романија се заразила, иако не патувала во странство според нејзините изјави и податоците што можевме да ги собереме“, изјави за Франс прес извор од болницата во Букурешт, каде што беше извршен тестот. Тоа значи дека новата варијанта на вирусот постои во Романија веќе некое време“, рече изворот.

Пациентот има лесни симптоми и е во изолација дома, под медицински надзор, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Откако беше откриена во ноември во Велика Британија, варијантата на коронавирусот Б.1.1.7, преименувана во VOC 202012/01, сега е потврдена во десетици земји во светот. Повеќето од овие случаи се поврзани со Велика Британија, но за некои, таа врска не е пронајдена, што укажува на тоа дека овој вид потекнува локално.
Иако се чини дека овој нов вид не е поопасен од претходната верзија на коронавирусот, според првичните податоци, тој е позаразен од 50 до 75 проценти, што го зголемува ризикот од пренатрупаност во болниците со пациенти со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години