Утрински Весник
Македонија

Апел за помош на скопјанецот Боро Стаиќ, потребен му е апарат за да може да дише

Апел за помош на скопјанецот Боро Стаиќ, потребен му е апарат за да може да дише

Скопјанецот Боро Стаиќ кој седум години е парализиран, сега е заболен и со коронавирус. Тој и неговото семејство бараат помош од хуманите граѓани за собирање на средства бидејќи им е потребен апарат кој го викаат „машина која спасува живот“, бидејќи Стаиќ не може да се искашла и при такви ситуации се гуши. Според страницата каде се собираат средствата, потребни се 9.500 американски долари.

„Поради повреда од негова 18-та година, Стаиќ е парализиран од вратот надолу, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде е хоспитализиран поради Ковид-19. Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта. Ве молиме да помогнеме на Боро за неговите родители да можат да го набават апаратот и одредени додатни потрошни делови за истиот“, стои на интернет страницата „Гоуфаундме.ком“ каде може да се донира.

Стаиќ ѝ е познат на јавноста бидејќи осум години ја бара правдата за неговата парализираност, а вината ја бара кај лекари, за кои тврди дека направиле пропусти при неговото третирање во 2012 година. Во јануари минатата година, охридскиот суд донесе ослободителна пресуда за обвинетите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег