Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата за роденденот на Ахмети

Кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата за роденденот на Ахмети

Министерството за внатрешни работи доставило до Јавното Обвинителство кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата по повод роденденот на нивниот партиски лидер, Али Ахмети, што се одржа во новиот барокен објект на Министерството за политички систем, без маски и дистанца.

Обвинителството понатаму треба да одлучи дали имало кривично дело.

„Казнети се сите до еден што седеа на таа маса. Дали се претседатели на партии, пратеници или министри и кога зборуваме за изрекување на казни на државни функционери барем на мене или на ова раководство на МВР не можете да замерите. Од премиерот, заменик премиерот, министерите сите до еден до сега имаат казни заради тоа што направиле одредени превиди кои што треба да ги санкционирам“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот додаде дека постои одреден протокол дефиниран од Комисијата за заразни болести како и на кој начин се однесуваат институциите при одржување на средби и состанотци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи