Утрински Весник
Македонија

Викендов дожд и услови за снег во северните делови

Нестабилно време со можност за пороен дожд

Во следните денови ќе преовладува облачно време со врнежи претежно од дожд, повремено поројни и на места пообилни, јави УХМР.

Утре врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон недела, а поради продор на постудена маса ќе има услови за повремен снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд.

Во понеделник ќе биде потопло со врнежи од дожд, а ново заладување со врнежи од дожд и снег се очекува од вторник.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Порше“ изгоре на обиколницата кај Радишани

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

Почнува јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за 2026 – 2030