Утрински Весник
Свет

Американската војска околу Конгресот подигнува барикади високи два метри

Dik 300x250 mk

Американскиот секретар на Националната гарда, Рајан Мекарти изјави дека барикади високи околу два метри ќе бидат подигнати околу Конгресот на САД во наредните 30 дена. Мекарти присуствуваше на заедничката прес-конференција одржана со градоначалникот на Вашингтон, Муриел Баузер.

По тој повод, тој рече дека очекувале протести, но дека никој не можел да претпостави дека демонстрантите ќе го окупираат Конгресот на САД. Тој додаде дека сите единици на Националната гарда во Вашингтон се активни и дека поддршка даваат и припадниците на Националната гарда од Вирџинија, Мериленд, Делавер, Њу Џерси и Њујорк.

Запрашан за мерките, Мекарти рече дека до викендот ќе има 6.200 припадници на Националната гарда за поддршка на полицијата во Вашингтон и полицијата во Капитол.

„Во моментов, во Конгресот има 150 членови на Националната гарда. Денес напладне ќе се зголеми бројката на 850. Денес од девет часот ќе почне да се подига барикадата висока 2,1 метар“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп