Утрински Весник
Магазин

Војвотката Камила лансира книжевен клуб на Инстаграм

Војвотката Камила лансира книжевен клуб на Инстаграм

Војвотката од Корнвол и сопруга на принцот Чарлс, Камила Паркер-Боулс, отвори свој профил на Инстаграм @duchessofcornwallsreadingroom, каде што ќе открива нови книги и ќе ја споделува радоста од читањето со своите следачи.

73-годишната војвотка од Корнвол започна со објави на социјалната мрежа на 31 декември.

Инстаграм-страницата, насловена како Читална, веќе има над 24.000 следачи и има направено седум објави откако е отворена пред помалку од една недела.

Во описот на страницата стои: „Придружете ѝ се на војвотката од Корнвол во Читалната, откријте нови книги и запознајте ги извонредните луѓе што ги создаваат. Првата сесија започнува на 15 јануари“.

Првата препорака на Камила за книга е „Детето, кртот, лисицата и коњот“ (The Boy, the Mole, the Fox, and the Horse) од Чарли Мекеси, која таа ја опиша како топла, смешна, трогателна и убаво илустрирана.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овој хороскопски знак секој посакува да го има барем за пријател

Од кој родител ја наследуваме интелигенцијата

Онколозите предупредуваат дека честото користење пластични садови може да предизвика појава на рак