Утрински Весник
Свет

Kосово ќе набави 2 милиони вакцини против коронавирус, првите пристигнуваат во февруари

Kосово ќе набави 2 милиони вакцини против коронавирус, првите пристигнуваат во февруари

Kосовскиот премиер, Авдулах Хоти, тврди дека владата постигнала договор за набавка на околу два милиони вакцини против коронавирусот, и дека првите дози ќе пристигнат во февруари.

Хоти објасни на прес-конференција дека со компанијата „Фајзер“ е договорена набавка на 535.000 вакцини, со Австрија 600.000, а преку програмата „Ковакс“ се обезбедени околу 720.000 дози вакцини, пренесува Коха.

Како што рече, први ќе бидат вакцинирани постарите од 65 години и здравствените работници, а околу 20.000 граѓани ќе се вакцинираат дневно.

Како што истакна, вакцините ќе бидат бесплатни.

Директорот на Институтот за јавно здравје во Приштина, Насер Рамадани, рече дека секое вакцинирано лице ќе добие картичка за имунизација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта 

Повеќе од 900 лица евакуирани по ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија

ВРТ: Дел од „дроновите“ регистрирани на небото над Белгија всушност не биле дронови