Утрински Весник
Магазин

„Фолклор“ на Тејлор Свифт доби уште едно признание, „Ролинг Стоун“ го прогласи за најголем албум за 2020 година

„Фолклор“ на Тејлор Свифт доби уште едно признание, „Ролинг Стоун“ го прогласи за најголем албум за 2020 година

Нејзиниот албум „Фолклор“ стана првиот албум во 2020 година кој се продал во милион примероци.

А во вторникот, порталот „Ролинг Стоун“ соопшти дека осмиот студиски албум на Тејлор Свифт е исто така и најголемиот за 2020 година.

Порталот пресметал дека „Фолклор“, кој беше објавен во јули, бил продаден во 2.3 милиони единици еквивалентни на албум, со што стана број еден на топ 200 листа на албуми која ја објавува „Ролинг Стоун“ на крајот на годината.

Со „Фолклор“, Свифт го собори долгогодишниот рекорд на Витни Хјустон во тоа што албумот поминал најмногу недели на позицијата број еден на Билборд 200.

Го задржа првото место шест последователни недели и е номиниран за албум на годината на „Греми 2021“.

Главниот сингл на „Фолклор“ е номиниран и за „Греми“ за песна на годината.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста