Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Би-би-си: Бонд-девојката и Чарлиевиот ангел Taња Робертс почина на 65-годишна возраст

Би-би-си: Бонд-девојката и Чарлиевиот ангел Taња Робертс почина на 65-годишна возраст
Img 7972

Тања Робертс, поранешната Бонд-девојка и актерката од „Чарлиевите ангели“, почина во болница во Лос Анџелес на 65-годишна возраст, објави „Би-би-си“ доцна синоќа, ставајќи крај на забуната во светските медиуми во врска со нејзината смрт.

Нејзината смрт беше прерано објавена во понеделникот, а веднаш потоа некои медиуми цитираа лекари кои тврделе дека е сè уште жива. Сепак, нејзината смрт беше потврдена во вторникот, пренесува британскиот јавен сервис.

Робертс колабирала додека ги шетала своите кучиња на 24 декември и била примена во медицинскиот центар Седарс-Синај во Лос Анџелес.

Робертс се појави со Сер Роџер Мур во неговиот последен филм за Бонд „Поглед на убиство“ од 1985 година. Таа исто така глумеше во последната сезона на „Чарлиевите ангели“ во 1980 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?