Утрински Весник
Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, а во западните со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат во западните подрачја. Врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да му ја превземат болницата на Жан Митрев 

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави јавен линч кон Филипче