Хрватските фанови на Ливерпул почнаа кампања за собирање средства за инженерот Бруно Лукачевиќ од Петриња, кој од својот разрушен дом од земјотресот во централна Хрватска го изнесе само грбот на Ливерпул.
Земјотресот од 6.2 степени уништи многу животи во овој предел на Хрватска, и ја донесе оваа трагична приказна на Лукачевиќ, инженер по радиологија кој неодамна земал кредит да го реновира домот.
„По земјотресот во умот ми беше само како ќе влетам во станот, ќе земам нешто од внатре и овој знак кој ми беше на посебно место во станот. Ми значеше многу, како на сите навивачи низ целиот свет. Тоа беше стресен момент, знаев дека не можам да извадам многу работи. Во моментов се наоѓам кај едно семејство во стан во Загреб со помош на колегите од работа“, изјави Лукачевиќ за „РТЛ“.
Како стрес повеќе, Лукачевиќ работи на клиниката за инфективни болести „Фран Михаљевиќ“ во Загреб, односно директно со заразените од КОВИД-19. Навивачите на Ливерпул од Хрватска веќе се организираа, и најавија дека ќе контактираат со поранешните „црвени“, Дејан Ловрен и Игор Бишќан за да му се помогне на Лукачевиќ.
> Од срушената куќа во Петриња му останал само грбот на Ливерпул <