Утрински Весник
Свет

Брод со мртви бегалци пронајден кај Канарските Острови

Брод со мртви бегалци пронајден кај Канарските Острови

Шпанската крајбрежна стража објави дека е пронајден брод со 47 бегалци во архипелагот Канар, близу островот Тенерифе. Од 47, четворица се мртви, а тројца имале акутни изгореници.

Бројот на нелегални влезови на бегалци на шпанските Канарски Острови со импровизирани пловни објекти во текот на 2020 година е осум пати поголем во споредба со бројот на бегалци кои влегоа во Шпанија во 2019 година, објави шпанското Министерство за внатрешни работи. Исто така, стотици луѓе ги загубија своите животи обидувајќи се да стигнат до шпанските територии на Канарските Острови во преполни, нестабилни чамци низ бурните води на Атлантикот. Шпанските власти успеаја да приведат 41 861 бегалец во 2020 година, што е за 29 проценти повеќе отколку во 2019 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата