Утрински Весник
Свет

(Видео) Медицинска сестра од Лондон: Ова беше една од најлошите смени во мојот живот

(Видео) Медицинска сестра од Лондон: Ова беше една од најлошите смени во мојот живот

Пред воведувањето на построги мерки во Англија, тим на Би-би-си во една лондонската болница проверил како персоналот се справува со епидемијата на коронавирус.

„Јас сум Клои, работам како постара медицинска сестра и ова беше една од најлошите смени во мојот живот. Интензивно е, се грижам за многу повеќе болни пациенти отколку вообичаено. Целата оваа ситуација ме обзеде емотивно.

Кога ќе видам снимки од луѓе кои не веруваат во пандемијата, се прашувам зошто воопшто го правам ова? Ме деморализира, никогаш во животот не сум била толку разочарана“, вели една од медицинските сестри.

„Нашите колеги за нас се како семејство, можеме да им се пожалиме, можеме да им се лутиме и да плачеме со нив. Плачам кога ќе се вратам од работа”, изјавила медицинската сестра Хана Пакхам.

Таа додава дека многу медицински сестри и лекари страдаат од проблеми со спиењето и дека сè што можат да направат е кратка пауза во слободните денови.

„Само кога ќе ги видите одделенијата и пациентите, само тогаш сфаќате колку е сериозна ситуацијата. Кога ќе видите како медицинските сестри плачат по смена од 12 часа и си одат дома целосно исцрпени, а следното утро треба повторно да се вратат на работа… Дури тогаш ја разбирате сериозноста на ситуацијата. Во одделот за интензивна нега, имаме луѓе на возраст од 40, 30 и 20 години кои умираат од корона. Дури и ако мислите дека не правите никаква штета кога ќе заобиколите некое правило, сепак правите нешто што не е во ред. Сите тие постапки имаат свој ефект, а резултатот го гледаме тука“, предупреди еден од лекарите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници