Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Бионтек“: Ако се одложи давањето на втората доза од вакцината прашање е колку таа би била ефикасна

„Бионтек“: Ако се одложи давањето на втората доза од вакцината прашање е колку таа би била ефикасна
Img 7972

Германската лабораторија „Бионтек“ која е соработник во изразботката на вакцината на „Фајзер“ предупреди дека не може да гарантира максимална ефикасност на нејзината вакцина против коронавирус ако втората доза се одложи и временскиот интервал помеѓу две инјекции е подолг од пропишаните три недели.

„Бионтек“посочува дека нема податоци што би ги поддржале плановите на некои земји да го поместат давањето на втората доза за да опфатат поголем број на луѓе со ограничените резерви на вакцини.

Велика Британија предизвика контроверзии објавувајќи дека планира да го одложи давањето на втората доза од вакцината до 12 недели со цел на повеќе луѓе да им се овозможи заштитата со една доза, а сега и Германија ја разгледува таквата можност.

Двете земји се загрижени од нов, позаразен вид на коронавирусот што се појави во Англија и веќе се прошири и во други европски земји.

„Ефикасноста и безбедноста на вакцината е тестирана во клинички испитувања со примена на две дози при што интервалот меѓу нив мора да биде 21 ден“, велат од „Бионтек“.

„Дури и ако податоците покажуваат дека постои делумна заштита уште во 12-тиот ден по првата доза, нема податоци што укажуваат на тоа дека заштитата сè уште постои по 21-от ден“, истакна портпаролот на лабораторијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа

Емиратите го притискаат Нетанјаху да го прифати планoт на Трамп за Газа