Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Словенечките власти тврдат дека старицата умрела од повторен инфаркт, а не од примената вакцина

Осум нови случаи на коронавирус во Словенија
300x250 opst2

Старицата која деновиве почина во Словенија откако била вакцинирана против Ковид-19 починала поради повторен срцев удар и смртта нема никаква врска со самата вакцинација, изјави денеска владиниот портпарол за Ковид-19, Јелко Кацин.

На владината прес-конференција, Кацин рече дека станува збор за постара жена која ја примила вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“ во еден од домовите за стари лица, потсетувајќи дека вакцинацијата за целото население се базира на доброволна основа и со согласност на секоја личност.

„Прелиминарниот заклучок на експертите е дека станува збор за повторен срцев удар затоа што таа веќе имала еден претходно и дека нејзината смрт не е поврзана со самата вакцинација“, изјави Кацин.

Тој додаде дека конечниот заклучок за случајот ќе го даде независна комисија формирана во рамките на Министерството за здравство. Најверојатно ќе биде извршена и обдукција на телото.

Министерот за социјални работи Јанез Циглер Краљ изјави дека податоците за домот во кој се случила смртта, како и личните податоци на починатата, вклучително и нејзината возраст, не биле објавени заради заштита на приватноста.

Тој не ги коментираше тврдењата на некои новинари дека случајот, што вчера го потврди Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ), се случил пред неколку дена и дека смртта на штитеничката се случила шест часа откако била вакцинирана.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мажот кој пукаше во Минхен остави порака дека поставил бомба на Октоберфест

Се менува системот за влез во ЕУ – по идната недела нови правила на границите

Цените на нафтата паѓаат по вестите за изгледите за прекин на огнот во Газа