Утрински Весник
Македонија

Во Битола се поставува монтажниот ковид-центар

Во Битола се поставува монтажниот ковид-центар

Увид во теренските активности за поставувањето на објектите од модуларнот ковид-центар во Битола денеска извршија битолската градоначалничка Наташа Петровска и директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска.

Во предвидениот рок од три недели битолските јавни претпријатија беа активно вклучени во расчистување и рамнење на теренот, по што беше поставен канализационен и водоводен систем од страна на КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод“.

На овие активности им претходеше вонредната седница на Советот на општина Битола на која едногласно, од страна на советниците, беше донесена Одлука за донација на 40.000 евра од општинскиот буџет во вид на услуги и добра на ЈЗУ Клиничка болница „Трифун Пановски“ Битола за изградба на модуларна градба.

Модуларниот ковид-центар во Битола се реализира од страна на Министерството за здравство и општина Битола, а се состои од 3 монтажни градби, од кои две наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег