Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Белгија ќе добие само половина од нарачаните дози фајзерова вакцина

Белгија ќе добие само половина од нарачаните дози фајзерова вакцина
300x250 opst2

Белгија ќе добие само половина од дозите на вакцината од американскиот производител на лекови „Фајзер“, што ја нарача во јануари поради логистички тешкотии што се случија минатиот месец.

Портпаролот на Министерството за здравство, Ив ван Летем изјави дека логистичкиот проблем во втората половина на декември ја спречи испораката на вакцината, како што беше планирано во белгиската стратегија за вакцинација, без да даде детали за проблемот, објави „Ројтерс“.

„Компанијата Фајзер, која нè снабдува, ќе може да испорача половина од планираните дози за месец јануари, така што ќе имаме нешто повеќе од 300.000 дози од нарачаните 600.000 дози“, рече Ван Летем на прес-конференцијата.

Откако вакцинираше околу 700 лица во четири старски домови за време на пробната недела за вакцинација, Белгија денес започна да ги вакцинира жителите на домовите за стари лица низ целата земја заедно со тамошниот здравствен персонал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа