Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на нови случаи и на починати од коронавирус

Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на нови случаи и на починати од коронавирус
Img 7972

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари, тестирани се вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9 проценти во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9 отсто во однос на минатата недела, а најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 46,6 отсто.

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21.6% намалување од 4.1% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=688, 29,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=440; 18,9%), 40-49 (n=404; 17,3%), 30-39 (n=392; 16,8%) и 20-29 (n=263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=104; 4,5%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камион излетал од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Михаилов: Комбе фатено со бесправни дрва, судот го враќа и повторно одземено во нова акција

Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата