Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Како демократска држава ни доликува попис по највисоките статистички стандарди

Пендаровски: Како демократска држава ни доликува попис по највисоките статистички стандарди

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

На средбата Пендаровски бил информиран за тековните процеси на реформи во судството и за активностите и капацитетите на Државниот завод за статистика во пресрет на спроведувањето на пописот, информираат од претседателскиот кабинет.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски истакнал дека Заводот е целосно подготвен за спроведување на пописот во контекст на методолошкиот и техничкиот дел и изразил очекување дека Законот наскоро ќе биде донесен, со цел навремено и адекватно постапување.

Претседателот изразил очекување дека во новото законско решение ќе бидат вградени највисоките статистички стандарди на „Еуростат“ со цел да се реализира валиден и кредибилен попис, како што соодветствува за една демократска држава.

Министерот за правда го информирал Пендаровски за новата методологија за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите, како и со новата алатка за филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите.

Претседателот ја поздравил одлуката на Советот за реформи во правосудството за ветинг на судиите, оценувајќи ја како чекор напред во стекнување на доверба на граѓаните во работата на судството.

„Правната држава е од егзистенцијално значење и мора да биде поставена на здрави темели. Реформите во правосудството треба да бидат ефикасни, и тука не смее да постои селективност и толеранција“, посочил Пендаровски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа