Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на прес-конференцијата по поразот во Саутемптон (1:0) се пожалил дека за неговиот тим не биле досудени два пенали на овој натпревар. Првиот поради прекршок врз Садио Мане, а вториот откако по ударот на Вајналдум, топката го погоди во раката Стивенс.
Ливерпул, на последните три натпревари во Премиер лигата, освоија само два бода, поради што со натпревар повеќе ги дели првото место со Манчестер јунајтед. Доколку „црвените ѓаволи“, на 12.јануари останат непоразени кај Барнли, тогаш дербито на со Ливерпул на 17.јануари ќе го чекаат како лидери на табелата.
„Не можеме да ги смениме работите. Слушнав дека Манчестер јунајтед во последните две години добиле повеќе пенали, него што добил Ливерпул во последните пет години. Не знам дали е тоа моја грешка, ниту како тоа се случило, но тоа не треба да е оправдување за нашите изданиа. Мораме да го смениме пристапот“, рекол Клоп.
> Клоп: Јунајтед за две години добиле повеќе пенали отколку ние за пет <