Утрински Весник
Свет

Здравствена работничка од Португалија починала два дена по примањето на вакцина

Здравствена работничка од Португалија починала два дена по примањето на вакцина

Здравствена работничка од Португалија починала по два дена откако ја примила вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, пишува „Дејли мејл“.

Соња Ацеведо (41) доживеала ненадејна смрт дома на првиот ден од новата година, 48 часа по добивањето на вакцината. Обдукцијата беше најавене денеска или најдоцна утре.

За мајката на две деца, која работела на педијатрија на португалскиот Институт за онкологија во Порто, не е констатирано дека претрпела некои позначајни несакани ефекти по вакцинирањето.

Таткото на Ацеведо, Абилијо Ацеведо, за португалскиот дневен весник „Кореио да Манха“ изјавил: „Беше добро. Немаше никакви здравствени проблеми.

Таа доби вакцина против Ковид-19, но немала никакви симптоми. Не знам што се случи. Јас само барам одговори.

Сакам да знам што доведе до смрт на ќерка ми“.

Надредените на Ацеведо потврдиле дека починатата жена била вакцинирана против коронавирус на 30 декември и додале дека не биле известени за какво било „непожелно дејство“ кога таа била боцната или неколку часови после тоа.

Во изјавата на португалскиот Институт за онкологија се вели: „Во врска со ненадејната смрт на оперативниот асистент од ИПО во Порто на 1 јануари 2021 година, Управниот одбор го потврдува настанот и изразува искрено жалење до семејството и пријателите со уверување дека оваа загуба и тука силни се чувствува“.

Во соопштението се додава: „За објаснувањето за причината за смртта ќе следат вообичаените процедури во овие околности“.

Ќерката на Ацеведо, Ванија Фигуередо, рече дека нејзината мајка само се жалела на нормална непријатност во областа каде што била боцната, но инаку била добро.

Оваа здравствена работничка била една од 538 работници во Порто ИПО кои ја примиле вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“.

За настанот било информирано и португалското министерство за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk