Утрински Весник
Македонија

Груби: Од новиот објект на министерството вреден 14 милиони евра, поефикасно ќе го реализираме Рамковниот договор

Груби: Од новиот објект на министерството вреден 14 милиони евра, поефикасно ќе го реализираме Рамковниот договор

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое го предводи првиот вицепремиер Артан Груби од денеска функционира во нов објект и нови простории.

На свеченото отворање присуствуаа премиерот Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби и вицепремиерот Љупчо Николовски.

Премиерот Заев во оваа прилика рече дека Владата донела одлука за купување на објектот за Министерството за политички систем на 30 декември минатата година и дека оваа одлука е донесена со цел да се обезбедат максимални услови за работа на ова министерство.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби рече дека овој објект во вредност од 14 милиони евра ќе биде новиот дом на Министерството.

Според него, со обезбедувањето на овој објект за Министерството за политички систем, се обезбеди и успешно функционирање на политичкиот систем, како и реализација на стратешките приоритети што произлегуваат од Охридскиот Рамковен Договор и истовремено се обезбеди подобра координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој Договор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!