Утрински Весник
Македонија

Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“​

Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10.00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар.

Неопходни услови за вршење на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на вчерашниот ден. Надлежен јавен обвинител увидот го врши во координација со увидна екипа од крим техника МВР и СВР Струмица, а обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар. Воедно, повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално финансиско работење со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета.

Јавниот обвинител издаде наредби за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи – ресивери од видео камерите поставени во трговскиот центар. Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање на информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

23-годишна девојка од Битола повредена во сообраќајка кај ГП „Меџитлија“

Божиновска на Форум за слобода: Енергетиката не трпи импровизации и брзи, опасни потези од денес за утре – туку ред и стратегија за систем што трае, или не си фактор”

АХВ со препораки за безбедност на храната и водата за пиење во регионите каде има поплавување