Утрински Весник
Економија

Се зголемува цената на Еуросупер БС-95

Цените на горивата остануваат исти

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 28.12.2020 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денар/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг во однос на одлуката од 28.12.2020 година.

Од 5.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 61,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,763 (денари/килограм)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трипуновски: Поддршка од 25,5 милиони денари за Научниот институт за тутун – Прилеп за современи оранжерии за расад на тутун

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот 

Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем – Левица предлага интервентни мерки за стабилизација