Утрински Весник
Свет

(Видео) Белгиски градоначалник даде интервју во долна облека, го откри новинарката

(Видео) Белгиски градоначалник даде интервју во долна облека, го откри новинарката

Градоначалникот на Антверпен, Барт де Вевер е фатен дека давал новогодишно интервју во долна облека.

Де Вевер ја започна 2021 година на непријатен начин, кога водителката на Радио во интервју му рекла на Вивер дека носи убава кошула и го прашала дали е можно да носи долна облека наместо панталони, пренесува бриселски „Политико“.

https://www.youtube.com/watch?v=G2ojY6pUkOU

Де Вевер, шефот на сепаратистичката партија Нов фламански сојуз (Н-ВА) и еден од најмоќните политичари во Белгија, направи грешка правејќи интервју пред огледало, во кое се гледале неговите голи нозе.

„Како знаете“, ја прашал Де Вевер новинарката, а потоа додал дека тоа е веројатно затоа што седел пред огледало.

„Не сметав на тоа. Новата година започна со непријатен момент за мене. Ќе го паметам уште долго“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота