Утрински Весник
Магазин

Џејмс Корден цврсто решен да ослабне

Џејмс Корден цврсто решен да ослабне

Британскиот актер и комичар Џејмс Корден, водител на „Лејт лејт шоу“, соопшти дека се пријавил за WW-програмата откако „изел сè што имало во фрижидерот“ овој Божиќ.

Програмата WW порано беше позната како „Чувари на тежина“ или Weight Watchers, а сега се ребрендира во WellnessWins („Велнес победува“). Тоа е велнес-програм со наградување што ви дава поени за слабеење и здрав избор.

Објаснувајќи ја одлуката да се приклучи на WW, тој рече: “Сакам да го променам начинот на живеење. Сакам да бидам подобар за моите деца и за моето семејство. Сфатив дека секоја година во изминатата деценија, на 1-ви јануари си кажував сам на себе и на другите дека ќе држам диета, ќе ослабам многу. Здосадено ми е од тоа како изгледам, здосадено ми е од тоа што не сум здрав. Ова е годината кога конечно ќе го направам тоа.“

„Во текот на Божиќ изедов сè во фрижидерот затоа што во јануари во главата го започнав овој режим на исхрана и тоа ќе биде успех.”

„Ми рекоа дека она што правам погрешно е држење диета и дека тоа не е одговорот,“ рече Корден и додава дека од WW му кажале: „Ако се држите до нашиот режим –  кој повеќе се занимава со велнес, здравје, и со тоа како да се чувствувате подобро, наместо губење килограми –  тоа апсолутно може да успее“.

„Не сакам да се будам уморен, ниту да се чувствувам засрамен кога го бркам мојот син на фудбалски терен и останувам без здив по три минути,“ вели популарниот комичар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светските океани достигнаа рекордно висока температура во јули

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Шест знаци дека вашето дете мисли дека сте одличен родител