Утрински Весник
Свет

Фаучи му одговори на Трамп: Смртта од ковид е реална

Фаучи му одговори на Трамп: Смртта од ковид е реална

Двајца највисоки американски здравствени власти денес го оспорија тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека сојузните податоци за случаи со Ковид-19 и смртни случаи во САД се пренапумпани, но изразија оптимизам за зголемувањето на стапките на вакцинација.

„Смртните случаи се реални“, изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести, за „Еј-би-си њуз“, додавајќи дека не се лажни податоците дека болниците се преполни, а здравствените работници под стрес.

Фаучи и шефот на американската здравствена служба Џером Адамс ја бранеа точноста на податоците за коронавирусот објавени од американскиот центар за контрола и превенција на болести откако Трамп ги нападна методите на табеларно прикажување на агенцијата.

Повеќе од 20 милиони луѓе биле заразени во САД, а скоро 347.000 починале – или еден од секои 950 жители – откако вирусот се појави во Кина кон крајот на 2019 година, според ЦДЦ.

Фаучи и Адамс изразија оптимизам дека темпото на вакцинација на Американците против вирусот се забрзува по бавниот почеток. Повеќе од 4,2 милиони луѓе се вакцинирани со една од двете вакцини од 14 декември, далеку помалку од целта на администрацијата на Трамп за 20 милиони до крајот на 2020 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“

Најсилниот земјотрес во историјата се случил во Чиле во 1960 година

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни