Утрински Весник
Македонија

Во Тетово за неколку часа казнети 120 возачи поради брзо возење

Во Тетово за неколку часа казнети 120 возачи поради брзо возење

Полицијата во Тетово за неколку часа казнила вкупно 175 возачи, од кои 120 поради брзо возење.

Акциската контрола била спроведена вчера во периодот од 12.00 до 20.00 часот, а од санкционираните 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 101 се на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје.

Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле 4 возачи (ТЕ), кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, а констатирани се и 48 други видови прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-16), од кои најмногу управување без возачка дозвола, возачи-почетници, информира МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СОЗР: До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

ССКМ предупредува: Поранешни членови се обидуваат нелегално да ја преземат Комората

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги за да го сокрие крахот на Владата со пожарите