Утрински Весник
Свет

Расте бројот на заразени во Велика Британија, можно е ново затворање на земјата

Расте бројот на заразени во Велика Британија, можно е ново затворање на земјата

Бројот на нови инфекции со Ковид-19 рапидно расте во некои делови на Велика Британија, а владата не исклучува воведување нови построги мерки за спречување на ширењето на вирусот, вклучително и нова блокада на целата земја.

„Имаме многу тешка ситуација со зголемувањето на бројот на нови случаи на Ковид-19“, им рече на новинарите британскиот министер за здравство Мет Ханкок, пренесува „Ројтерс“.

На прашањето дали владата го разгледува воведувањето национален карантин, Ханкок потврди дека сè, дури и таквата мерка, се разгледува.

Во Велика Британија, која веќе неколку дена бележи повеќе од 50.000 нови случаи на инфекција, вакцинацијата против Ковид-19 на лица над 80 години и на здравствените работници започнала на 8 декември, според агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новороденче спасено од утробата на мајка убиена во израелски напад врз Газа

Кремљ не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Трамп во Кина во септември

Романски вицепремиер поднесе оставка поради корупциски скандал