Утрински Весник
Магазин

Збогум на „Мистер Дизниленд“ – Рон Домингез

Збогум на „Мистер Дизниленд“ – Рон Домингез

Рон Домингез, Дизниевата легенда и поранешен извршен потпретседател на „Атракции на Волт Дизни“, почина на 85-годишна возраст изминатиов викенд.

Познат како „Мистер Дизниленд”, порано се шегуваше дека неговиот дом од детството е токму на местото каде што денес се наоѓа влезот во „Пиратите од Карибите“ и „Кафе Орлеанс”.

Почнувајќи во јули 1955 година, Домингез доби летна работа во забавниот парк Анахајм како билетар на 20-годишна возраст, пред да биде промовиран во привремен супервизор на „Мејн стрит У.С.А.“ за една година.

Во текот на својата кариера, тој имаше различни надзорни позиции низ целиот забавен парк, сè додека не ја презеде улогата на директор на операции во 1970 година. Во 1974 година, бизнисменот стана потпретседател на Дизниленд, а во 1990 година ја стекна функцијата извршен потпретседател на „Волт Дизни атракшнс“ за Западниот брег.

Во 2000 година, Домингез беше прогласен за легенда на Дизни и доби прозорец на „Главната улица“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста