Утрински Весник
Македонија

Денеска врнежи од дожд, а на планините снег

Денеска врнежи од дожд, а на планините снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови каде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во западните делови претпладне ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места, информира УХМР.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница