Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Ласт кристмас“ на „Вем“ сингл број еден на британската топ-листа

(Видео) „Ласт кристмас“ на „Вем“ сингл број еден на британската топ-листа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Песната Last Christmas на култното дуо „Вем“ за прв пат е на врвот на табелата синглови во Велика Британија, 36 години по нејзиното деби.

Празничната класика беше емитувана 9.2 милиони пати во текот на минатата недела, соборувајќи ја на првото место Don’t Stop Me Eating на Ледбејби.

Прв пат објавена во декември 1984 година, песната на Џорџ Мајкл и Ендру Риџли беше потисната од Do They Know It’s Christmas? на „Бенд еид“ (Band Aid) во рамки на глобалниот, музички рок-концерт со цел да се соберат средства за надминување на гладта во Етиопија. Настанот беше одржан истовремено на стадионот Вембли, Лондон.

Риџли рече дека е воодушевен и задоволен што „Ласт кристмас“ дури сега успеа да дојде на врвот на табелата. „Иако поминаа 36 години по првото издавање, што е, можеби повеќе од сè, доказ за нејзината безвременска привлечност и шарм“.

„Тоа е соодветна почит кон генијалноста на Џорџ за пишување песни. Од оваа почест тој ќе беше неизмерно горд и воодушевен“, додаде Риџли.

Откако песната е објавена во 1984 година, шест пати се враќаше во првите 10.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”