Утрински Весник
Свет

Кривокапиќ: Ѓукановиќ не дозволува мирна транзиција на власта

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не дозволува мирна транзиција на власта и продолжува на долг рок да се однесува кон Црна Гора како нејзин феуд, рече премиерот Здравко Кривокапиќ.

Тој рече дека одлуката на Ѓукановиќ да врати неколку закони во Собранието за повторно разгледување, кои беа донесени на седницата на 29 декември минатата година, најдобро покажува како функционира процесот на соживот во пракса.

Кривокапиќ на Твитер напиша дека, покрај кршењето на Уставот, законите на Црна Гора, Ѓукановиќ си игра со граѓаните, нивниот имот и права кои произлегуваат од Уставот.

„ Со удари во банкарскиот сектор и малите бизнисмени, претседателот на Црна Гора ни кажува дека не се грижи за државата, ако тој не е нејзин сопственик“, рече Кривокапиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години