Утрински Весник
Спорт

Митровиќ и Миливојевиќ под истрага за новогодишната забава

Фулам и Кристал палас потврдија дека има истрага откако Александар Митровиќ и Лука Миливојевиќ ги прекршиле правилата за КОВИД-19 во Лондон, откако беа снимени од партнерката на Митровиќ, Кристијан Јањиќ на новогодишна забава во Лондон.

Напаѓачот на Фулам и капитенот на Палас, Миливојевиќ се гледаат како слават со барем уште седум луѓе со порака „Среќна нова 2021“. Во друго ., Митровиќ игра фудбал со Миливојевиќ и со уште две деца. Јањиќ веднаш го избриша акаунтот на Инстаграм, на кој претходно беше и сопругата на Миливојевиќ, Милица.

Ова доаѓа откако во Фулам има ширење на корона вирусот и откажување на мечевите со Тотенхем и Барнли и во исто време, Тотенхем и Вест хем ги казнија своите фудбалери за заедничката божиќна забава.

Тотенхем и Вест хем се извинија за своите „ковидиоти“

> Митровиќ и Миливојевиќ под истрага за новогодишната забава <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија