Утрински Весник
Свет

Скандал во Мексико: Лекар ја искористил позицијата за да го вакцинира целото свое семејство преку ред

Скандал во Мексико: Лекар ја искористил позицијата за да го вакцинира целото свое семејство преку ред

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека еден лекар го искористил своето влијание за да ги протурка членовите на семејството да бидат меѓу првите што ќе примат вакцина против коронавирусот, иако први на списокот се здравствените работници.

„Семејство кое не беше на списокот за вакцинирање дојде на местото за вакцинација и прими вакцина на Фајзер“, рече Лопез Обрадор и додаде дека станува збор за лекар, неговата сопруга и една или две ќерки.

Лопез Обрадор ја нарече употребата на влијанието на лекарот за вакцинирање како „неморална“, објави „Гардијан“.

Тој не прецизираше какви мерки може да се преземат против инволвираните лица кои сè уште не се идентификувани, но рече дека случајот е под истрага и дека ќе има казни.

Експертите изразија загриженост дека кражбата, корупцијата или фалсификувањето можат да влијаат на програмата за вакцинација во Мексико.

Досега, Мексико прими околу 50.000 дози вакцина на „Фајзер“, што не е доволно за да покрие 1,4 милиони здравствени работници, иако се очекува прилив од стотици илјади вакцини во наредните недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница