Венецуела нуди награда од 500.000 американски долари за веродостојни информации за тројца колумбиски агенти, за кои се вели дека се вклучени во заговарање терористички планови за напад врз демократијата во земјата, изјави претседателот Николас Мадуро во преносот на „Венезолана де Телевисион“.
Се верува дека трите лица – опишани како службеници на Дирекцијата за разузнавање на Владата на Колумбија – имаат врски со наводни напори да се наруши формирањето на новото Национално собрание на Венецуела (АН).
Плановите, наречени „ Operation Boycott the AN“, наводно се поддржани од шпански елити од Мадрид и финансирани од владата на колумбискиот претседател Иван Дуке. Според Мадуро, клучна улога во ова се вели дека има опозицискиот лидер на Венецуела, Леополдо Лопез, кој моментално живее во Шпанија.
„Од Мадрид, Шпанија, Леополдо Лопез е заштитен во своите планови да поставува бомби, да убива и да ја полни Венецуела со насилство“, рече Мадуро.
Според Кармен Мелендез, министер за внатрешни односи, правда и мир, терористичките акции требало да почнат од 27 декември наваму во време кога земјата се подготвува да го оформи новото Национално собрание по парламентарните избори на 6 декември.
Desarticulamos un plan terrorista para atentar contra la instalación de la nueva AN el próximo #5Ene, orquestado por el prófugo de la justicia venezolana, Leopoldo López. Instruí al canciller Jorge Arreaza, para que se comunique con la embajada de España. ¡Máxima Alerta! pic.twitter.com/NuPzJ13PU9
— Nicolás Maduro (@NicolasMaduro) December 30, 2020
Мелендез тврди дека субверзивните дејства се насочени кон воените и полициските единици, како и кон гувернерите.
„Ниту еден лидер не смее да се опушти. Се соочуваме со некакви убијци и терористи полни со омраза и одмазда, и тие се очајни“, рече Мадуро во разговорите со гувернерите.
Тој посочи дека го упатил министерот за надворешни работи, Хорхе Ареаца, да контактира со неговиот шпански колега во обид да го просветли за овој „неуставен план“.
Ова се случува само неколку дена откако Мадуро отворено ја обвини Колумбија дека планира нови напад против војската на Венецуела со обучени платеници, зашто, како што рече, има јасна поддршка на Дуке. Во декември, Мадуро тврдеше дека дознал за заговорот за негов атентат за време на парламентарните избори, што го поттикна да го смени избирачкото место.