Утрински Весник
Свет

Компаниите од ОАЕ шверцуваат нафта од Венецуела и покрај санкциите од САД

Компаниите од ОАЕ шверцуваат нафта од Венецуела и покрај санкциите од САД

Три компании со седиште во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) помогнале во извозот на милиони барели сурова нафта и гориво произведени од државната „Петролеос де Венезуела СА“ (ПДВСА) откако САД воведоа строги санкции за Венецуела во јуни, пренесува Ројтерс .

Компаниите „Мухит меритајм“, „Иса шипинг ФЗЕ“ и „Азија чарм лтд“ помогнале да се извезе венецуелска нафта во вредност од 208,5 милиони долари – 3,9 отсто од вкупниот извоз на нафта во земјата во 2020 година.

Компаниите го презедоа управувањето со неколку танкери кои превезуваа венецуелска нафта, ги сменија нивните имиња и продолжија со транспорт на сурова нафта од Венецуела веднаш по воведувањето на санкциите

Одговарајќи на Ројтерс, владата на ОАЕ соопшти дека спроведува темелна и сеопфатна истрага за трите компании користејќи ги неодамнешните законски измени дизајнирани да ја подобрат транспарентноста на компаниите.

„ОАЕ исклучително сериозно ја сфаќаат својата улога во заштитата на интегритетот на глобалниот финансиски систем. Ова значи активно управување и спроведување на економските и трговски санкции“, се вели во соопштението.

Претставник на слободната зона „Фуџаира“, каде се наоѓаат „Иса шипинг“ и „Азија чарм“, изјави дека не е запознаен со вмешаноста на двете компании во транспортот на нафта од Венецуела, додавајќи дека органот не е одговорен за контрола на работењето на регистрираните компании таму.

На почетокот на оваа година Вашингтон воведе санкции за неколку компании со седиште во ОАЕ вклучени во продажба на иранска нафта и покрај ограничувањата од САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња