Утрински Весник
Македонија

Зимскиот распуст за учениците почнува утре, наставата ќе продолжи на 21 јануари

Својот ден учителите го поминаа со зголемени обврски, одговорности и стрес

Почнувајќи од утре па сè до 20 јануари ќе трае зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта. Наставата ќе продолжи на 21 јануари.

Оваа година, првото полугодие траеше пократко, поради тоа што учебната година започна еден месец подоцна од регуларниот термин, односно на 1 октомври.

Иако имаше барања првото полугодие да заврши порано и зимскиот распуст да трае подолго, сепак министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека нема причина за тоа, бидејќи нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата.

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информираа дека за време на зимскиот распуст нема да важи бесплатниот превоз за средношколците.

„Средношколците од прва година, од почетокот на второто полугодие, јавниот превоз бесплатно ќе можат да го користат само со персонализирана картичка „Скопска“, односно од петок (01.01.2021 год) прекинува да им важи времениот хартиен билет“, велат од ЈСП.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура