Утрински Весник
Свет

Цела Италија повторно затворена – излегување само со потврда

Во светот над 550.000 луѓе починаа од коронавирус, половина се од четири земји

Нови 575 жртви од Ковид-19 во Италија во еден ден, а новозаразени се над 16.000, објави агенцијата Анса, која го пренесе соопштението на Министерството за здравство.
Во три од 20 региони нивото на зараза е многу високо, а во уште 10 региони ризикот од ширење на заразата е среден или висок. Поради тоа властите воведоа строги анти-ковид мерки за следните денови.

Од денеска па до 6 јануари цела Италија ќе биде повторно блокирана, како и во време на божикните празници. Тоа значи дека се е затворено – продавниците, рестораните, трговските центри, кафулињата, а на граѓаните им е забрането движење. На улица може само во исклучителни случаи, со потврда дека е неопходна, а од 22 до 7 часот е полициски час.

Анкета објавена од агенцијата покажува дека секој втор Италијанец поддржува анти-мерки и е подготвен да се придржува до нив.

За вечерва, на преминот од старата во новата година, најавени се строги контроли со цел да се спречи собирање на повеќе од дозволениот број луѓе.

Полицијата ќе ги контролира не само јавните простори, туку и како што е најавено, виртуелниот простор, т.е. мрежата, со цел да открие, евентуални, групни празнични прослави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени