Утрински Весник
Македонија

Две лаборатории мереа загадување на оџакот во „Пејпер Мил“

Две лаборатории мереа загадување на оџакот во „Пејпер Мил“
Dik 300x250 mk

Новата контрола на работата на фабриката за хартија „Пејпер Мил“ во Кочани, покажала дека чадот што се испушта од оџакот е прозирен и со помал интензитет.

Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина, вчера извршиле две лаборатории, при што се вршеле мерења на прашината и отпадните гасови.

„ Тоа се должеше на специјален режим на комбинирано согорување на метан и пелети во однос 60% метан и 40% пелети при производството на хартија. Две лаборатории, од 09:30 до 16:00 часот вршеа мерење на прашина и отпадни гасови, во присуство на инспектор. Откако заврши мерењето, во вечерните часови, инспектор се врати повторно на локацијата. Чадот беше со истиот слаб интензитет, проѕирен, односно непроменет во однос на периодот кога се вршеа мерењата“ покажува инспекторкиот извештај.

Од Инспекторатот наведуваат дека од резултатите на мерењата кои се очекуваат во текот на наредната недела ќе зависи дали ќе се нареди горење исклучиво на метан или ќе се применат други мерки. Доколку со овој режим на работа не се надминат граничните вредности за емисии, истиот ќе мора да се одржува до вградување на филтерот, велат од ДИЖС.

Оттаму додаваат дека мерењата ќе продолжат и во наредниот период за да се обезбеди почитување на законските одредби и наредбите на Инспекторатот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1598 акредитирани набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен

Ужас во Ресен: Мајка ја претепала малолетната ќерка

Наставничка од Кавадарци сликала пораки од Фејсбук на нејзина колешка и истите ги препраќала кај директорката