Утрински Весник
Спорт

Сер Луис Хамилтон

Сер Луис Хамилтон

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, од Кралицата Елизабета Втора ја доби титулата витез. Кралицата традиционално за Нова година го одликува Британците кои се истакнале на некое поле.

Хамилтон во 2020 година неколку пати испиша нови страници во историјата на Формула 1. Стана возачот со најмногу победи (95), а потоа на вечната листа се израмни со Михаел Шумахер, според бројот на освоени титули.

Во кариерата покрај 95 победи, има и 98 пол-позиции и 165 пласмани на подиумот.

Оваа година тој целосно се посвети и на борбата за човековите права. На негова иницијатива, болидите на Мерцедес беа во црна боја.

> Сер Луис Хамилтон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана