Баерн Минхен имаше фантастична трета четвртина за да ја декласира Барселона со 90:77 во 17-тото коло од Евролигата, предводени од фантастичниот Вејд Болдвин, додека Црвена звезда го изддржа камбекот на Панатинаикос за 74:71 победа.
Болдвин ја имаше својата најдобра партија во Евролигата со 29 поени, 7 асистенци и 2 украдени топки, Пол Зипсер додаде 16, Ник Вајлер-Баб имаше 14 поени за тимот на Андреа Тринкиери. Ова беше трет пораз во низа за Барселона за 11-6 скор, за кои Алекс Абринес беше најдобар со 16 поени, а Кори Хигинс додаде 12.
Црвена звезда ја заврши 2020 со многу важна победа над Панатинаикос во првиот евролигашки меч за новиот тренер Дејан Радоњиќ. Јанис Папапетру израмни за гостите на 68:68 на една минута пред крајот, но Звезда не дозволи целосен камбек за да го подобри скорот на 6-11 во Евролигата.
Кори Волден имаше 17 поени и 5 асистенции за Звезда, додека Кино Колом имаше 13, а Огњен Добриќ 11 поени. ПАО падна на 5-11.
ЕВРОЛИГА, 17.КОЛО
Фенербахче – Асвел Лион 81:59 (15:19, 23:13, 21:10, 22:17)
Црвена звезда – Панатинаикос 74:71 (22:15, 26:22, 9:9, 17:25)
Баерн Минхен – Барселона 90:77 (22:26, 21:19, 27:10, 20:22)
> Баерн ја „збриша“ Барселона, Звезда изддржа против Панатинаикос <