Утрински Весник
Свет

По смртта на вакцинирано лице, известување од швајцарските здравствени власти

Светската банка одобри 12 милијарди долари за земјите во развој за набавка на вакцини

Швајцарскиот институт за лекови „Свисмедик“ соопшти дека не постои причинска врска помеѓу смртта на 91-годишнo лице во Луцерн и неговата вакцинација против Ковид-19.

Тие додаваат дека починатото лице страдало од повеќе болести.

Истрагите спроведени од кантоналните здравствени власти и „Свисмедик“ утврдиле дека малку е веројатно оти има врска помеѓу смртта и вакцината против Ковид-19, се вели во соопштението на „Свисмедик“, пренесе „Ројтерс“.

Пациентот починал во швајцарскиот кантон Луцерн неколку дена откако бил вакциниран против коронавирус.

Надлежната Дирекција за здравство претходно ја потврди смртта на лицето кое било вакцинирано, но, како што првично напиша сајтот „Цајтпункт“, во тие моменти не било утврдено дали постои поврзаност помеѓу вакцината и смртта.

Според швајцарските медиуми, станува збор за лице кое било вакцинирано на 24 декември во институција за лица со деменција, а починало вчера.

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ е единствената вакцина одобрена досега во Швајцарија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната