Утрински Весник
Спорт

Потсетување на Аилтон – кинеше мрежи во Германија, сега ужива крај скарата

Потсетување на Аилтон – кинеше мрежи во Германија, сега ужива крај скарата

Бразилскиот напаѓач Аилтон да Силва (47) некогаш еден од најдобрите напаѓачи во Европа жареше и палеше своевремено во Бундеслигата, пред се во дресот на Вердер од Бремен. Одигра 214 меча и постигна 106 гола надополнети со 41 асистенција.

Влезе во легендите кога во 2003-тата со „зелените“ ја освои титулата во Бундеслигата, а таа година заврши со 28 гола.

Играше и за Шалке, за Бешикташ, а во 2006 година потпиша за белградска Црвена Звезда. За „црвено-белите“ одигра само 13 меча и даде скромни 4 гола.

Следуваше трансфер во Грасхоперс, па во второлигашот Дуизбург, а фудбалскиот пат го водеше преку Украина, Австрија, родниот Бразил, па се до Кина. Кариерата ја заврши во германски петтолигаш, во 2014-та, со полни 41 година.

Сега Аилтон е семеен човеч, одличен „скара-мајстор“ кој ужива во животот. Има жена и деца и изгледа задоволен од она што го постигна во кариерата.

> Потсетување на Аилтон – кинеше мрежи во Германија, сега ужива крај скарата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност